НАЈНОВА ИНФОРМАЦИЈА: Потоп во штипско, најкритично во Карбинци

Сообраќајот на патниот правец Милетково-Миравци Р-1102-кој беше затворен поради прелевање на вода на мостот- е повторно воспоставен по интервенција на екипите на ЈП Македонија пат.

Врнежите од дожд и понатаму продолжија да паѓаат во источните делови од државата каде на одредени места веќе дојде до локално излевање на водотеците.

Особено критична е состојбата во сливот на р.Брегалница и Штипскиот регион каде се излеа реката Отиња, а поплавен е и дел од патот Штип – Радовиш.

Реката Крива Лакавица ја прелеа браната Мантово и ги поплави околните површини. Исто така надојдени се и реките кои доаѓаат од Осоговските планини (р.Кочанска, р.Оризарска, р.Каменичка), а особено р.Злетовска која се излива на некои делови од своето течение.

Зголемени протеци се регистрирани и на реките кои се сливаат од планинскиот масив Плачковица (р.Осојница, р.Градечка, р.Виничка, р.Зрновска и р.Козјачка) што дополнително ги зголемува протечните количини на вода во р.Брегалница. Како критичен останува регионот од Штип до Карбинци каде се очекува водостоите на р.Брегалница да се зголемуваат и во текот на ноќта.

 

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по влажни коловози поради врнежи од дожд во поголемиот дел од државата.

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 23:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега