Македонија се подновила со 23.568 бебиња за една година
Лани во Македонија наталитетот се зголемил за 3,5 проценти во споредба со 2011 година. Според податоците од Државниот завод за статистика, бројот на живородени деца е зголемен за 798 деца.
Минатата година се родиле вкупно 23.752 деца од кои 23.568 живородени и 184 мртвородени.
Гледано по пол, лани бил поголем бројот на родените машки деца, отколку на женски.
Најмногу живородени деца се родени од мајки на возраст од 25 до 29 години по што следуваат мајките од 30 до 34 години и мајките од 20 до 24 години.
Минатата година се родени и 26 бебиња од мајки на возраст под 15 години.
Просечната возраст на мајката при вкупниот број на раѓања е 28,1 години, а 26,3 години на првите раѓања, односно благ пораст во однос на претходната година.
Генерациска година на раѓање на мајката која се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1984 година.
Бројот на вонбрачните живородени деца изнесува 2.742 деца, или 11,6 проценти од вкупниот број на живородени.