Секој од нас создал 382 килограми ѓубре

Во Македонија лани биле собрани 555.760 тони комунален отпад, што е за 1,02 отсто повеќе од 2011 година. соопшти Државниот завод за статистика.
 
Најмногу комунален отпад е собран во Скопскиот регион - 144.593 тони. Од вкупното количество собран комунален отпад, 441.223 тони или 79% се од домаќинствата, а останатите 21% од правни и физички лица (комерцијален отпад).
 
Вкупното количество на создаден комунален отпад во Македонија во 2012 година изнесувал 786.909 тони. Секој жител на Македонија просечно создал по 382 килограми комунален отпад, што е за 7% повеќе од 2011 година.
 
Целокупното количество на собран комунален отпад се отстранува на депонија и не се спроведуваат други операции за постапување со комуналниот отпад.
 

најчитано сега