Забрана за пушење во свој стан

 

Пресудата на општинскиот суд во Виена, со која на едно лице му е забрането да пуши во својот стан, ја прошири дебатата за заштитата на непушачите во локалите и на приватното подрачје.  

Според австриски „Пресе", пресудата која се уште не е правосилна, првпат некому во Австрија му забранува да ужива во никотинскиот чад во своите четири ѕида, пренесува Танјуг.  

Тужбата ја поднел соседот кој живее над тужениот и кој се почувствувал загрозен од чадот кој се чувствува од станот кат подолу, посебно кога е отворен прозорецот.  

Судот пропишал генерална забрана на пушење на тужениот, а со случајот натаму ќе се занимава и Цивилниот суд.  Австриците стравуваат дека оваа пресуда би можела да занчи забрана за пушење и во нивните станови.

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега