Пентагон го зголемува нивото на безбедност во базите на САД во Европа
Пентагон наредил зголемување на нивото на безбедност во американските воени бази во Европа по нападите во Париз.
Според претставници на Пентагон, тоа е само превентивна мерка и нема разузнавачки податоци за конкретна закана.
Американското министерство за одбрана одби да изнесе повеќе податоци за какви безбедносни мерки станува збор. Според аналитичарите тоа може да вклучува проверка по случаен принцип на луѓето што влегуваат во базите или распоредување на дополнителен персонал на контролните пунктови.
Нема индикации дека исламски екстремисти земале како цел семејства на американски војници или персонал во Европа, изјави Хејгел, додавајќи дека нема разузнавачки податоци за такво нешто.
Хејгел нагласи дека ја поддржува одлуката на главниот командант на силите на НАТО во Европа генерал Филип Бридлав.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа