Нема да верувате каква среќа доживеа Зоне Замфирова

 

Познатата актерка Катарина Радивојевиќ, или нам добро позната како Зоне Замфирова е на чекор до остварување на својот сон. Таа на лотарија која американската влада секоја година ја организира за имигрантите, доби зелена карта, што на актерката ќе и овозможи без пречки да живее и работи во САД.

Некогашната Зоне Замфирова дури четири пати аплицирала, а последниот пат од 20.000 што се пријавиле таа била една од 200-те среќни добитници.

Интересно е што нејзината сестра Јасна пред неколку години исто така доби зелена карта, како и нејзиниот зет, па сега живеат во Лос Анџелес.

- Задоволна сум од зелената карта. Досега имав работна виза само за ангажмани во областа на актерството, а сега конечно ќе ми биде овозможен постојан престој, па и продолжување на школувањето таму.

Иако пет години живеам на релација Србија – Америка многу е тешко да се оствари американскиот сон. Зад себе имам успешна кариера во Србија, но таму морав да почнам од нула, изјави убавата Катарина.

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 09:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега