Радост над облаците: Дечињата без родители летаа со Визер (ФОТО)

Унгарскиот воздухопловен превозник „Виз ер“ ќе воспостави шест нови дестинации од аеродромите во Скопје и во Охрид, со кои раководи „ТАВ Македонија“.

Обете компании ги најавија авионските рути организирајќи специјален, бесплатен, лет за 50-ина штитеници од домот за деца без родители „11 октомври“ до воздушниот простор над Охридското Езеро и назад до „Александар Велики“.

Екипата на Курир леташе меѓу облаците во друштво на дечињата без родители. Тие видно возбудени уживаа во секој миг. Поголемите им го чуваа стравот на помалите. Извик и возбуда на полестување и силен аплауз на слетување.

Ова искуство дечињата велат дека долго ќе го помнат, а раководителите на Домот за деца без родители „11-ти октомври“ се заблагодарија до организаторите на оваа тура.

ФОТО:КУРИР 

 

 

Оцени ја веста

22.01.2015 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега