Средба Иванов-Кодели: Одлична севкупната соработка меѓу Македонија и Албанија

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ја прими Мими Кодели, министер за одбрана на Република Албанија, која престојува во еднодневна посета на земјава.

Како што соопшти кабинетот на претседателот Иванов, двајцата соговорници изразиле задоволство од севкупната соработка меѓу Република Македонија и Република Албанија на билатерален и на мултилатерален план, особено во сферата на одбраната.

Претседателот Иванов ги поздравил досегашните заеднички ангажмани во интегративните процеси, особено во рамки на Јадранската повелба и изразил очекување за активна поддршка од Република Албанија во однос на членството во НАТО.

Македонскиот претседател ги поздравил и напорите за натамошно унапредување и продлабочување на билатералната соработка во сферата на одбраната, преку реализација на проекти и заеднички активности.

 

 

Оцени ја веста

22.01.2015 - 12:51
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега