Возачи внимавајте - одрон на патот Маврово-Жировница-Дебар

На сите државни патишта во Македонија сообраќајот моментално се одвива без забрани и по влажни коловози.

Врнежи од слаб дожд има во Маврово.

На патниот правец Маврово – Жировница – Дебар, поради поголем одрон кај месноста Јанче, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 50 метри. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, соопшти Автомото сојузот на Македонија. 

Поради појава на магла, намалена видливост до 20 метри има на патните правци: Тетово – Гостивар и Тетово - Скопје, од 20 до 50 метри  кај Велес – Скопје,  од 50 до 100 кај Велес – Штип, Градско – Неготино, до 50 метри Градско – Прилеп и кај Охрид, а кај Струмица од 100 до 150 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

 

 

Оцени ја веста

22.01.2015 - 09:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега