Тетовчанец станал милионер за шест месеци - еве како
Во рамки на полициската акција „Детонатор“, тетовската полиција поднесе кривична пријава против 43 годишниот А.О. од Тетово за сторени кривични дела „комар“ и „даночно затајување“.
Од полицијата информираат дека А.О. во период од декември минатата до почетокот на мај годинава во објект на улицата “Орце Николов„ во Тетово, нелегално организирал игри на среќа со покер-апарати и игри со кучиња. Тетовчанецот не ги плаќал давачките по Законот за ирги на среќа и забавни игри, па го оштетил Буџетот на Република Македонија за 5.765.625 денари.
Полицијата на 2. мај годинава, извршила контрола во објектот каде пронашла 10 покер апарати, еден софтвер апарат и два ЛЦД телевизори наменети за игри на среќа.