За 250 евра завршија во затвор - гостиварчанец им се одмазди на своите уценувачи
Двајца гостиварци биле приведени вчера под сомниение дека од 44 годишниот гостиварчанец В.Ј. изнудиле пари за да му кажат каде е автомобилот кој неодамна му бил украден.
Од СВР Тетово информираат дека Џ.Р. (57) и М.И (32) телефонски го повикале В.Ј. да дојде во селото Дебреше, за да му откријат каде се наоѓа неговото возило „Голф“, кое му било одземено на 10-ти овој месец. Гостиварчанецот пристигнал на договореното место, каде Џ.Р. му побарал 250 евра за да му ја открие информацијата. Откако им платил, тројцата влегле во автомобилот на Џ.Р и заминале кон Скопје.
„Голфот“ го нашле во близина на бензинската во Ѓорче Петров. Дебрешаните заминале, а В.Ј го пријавил случајот во полиција. Џ.Р. и М.И. се приведени и задржани во Полициската станица Гостивар.