Шефицата на Кабинетот на чешкиот премиер ја следела неговата сопруга?

 

Шефицата на кабиентот на чешкиот премиер Петр Нечас, Јана Нагиова наводно наредила тајната државна служба да ја следи неговата сопруга, јави дописникот на МИА.

Ова го изјави Томаш Сокол, адвокат на Ондреј Паленик, поранешен шеф на Военото разузнавање кој заедно со неговиот наследник, Милан Кованда се осомничени за злоупотреба на службената должност. 

Нечас во вторникот јавно соопшти дека по повеќе од 25 години се разведува со својата сопруга Радка, со која имаат четири деца. 

За семејните проблеми на премиерот и претходно се пишуваше, а се појавија шпекулации дека тој има врска со неговата најблиска соработничка Нагиова. 

Покрај Нагиова беа притворени уште шестмина, сите високи функционери на владејачката партија, ОДС вклучени во корупција.


најчитано сега