Истрага: Кој и зошто и ги сошил анусот и вагината на пациентка во Скопје?

Кој, како и зошто го поврзал аналниот отвор со вагината на 39 годишна пациентка? По обелоденување на скандалот, Министерството за здравство експресно формираше комисија. Во неа ќе бидат еминентни стручњаци од областа на дигестивната хирургија, кои по испитување на случајот ќе ги информираат здравствените власти дали постоела лекарска грешка.

Засега се знае само дека жената имала малиген тумор на ректумот и  била оперирана во градската болница 8-ми септември. Нејасно е дали интервенцијата ја правел американски лекар кој бил дел од тимот што презентираат искуства во Македонија или хирург вработен во  болницата. 

Според информациите кои ги објави Сител, операцијата била направена во септември 2013 година. До Министерството за здравство никој не поднел претставка за случајот.

Од Министерството за здравство очекуваат во најбрз можен рок да го добијат мислењето од комисијата. Пациентката, според пишувањата во дел од медиумите, три месеци имала компликации по здравјето. На крај завршила во Абдоменална хирургија каде констатирале дека ректумот е целосно поврзан со гениталниот орган. Останува  екпсертите да утврдат која е вистината за случајот. 

 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 22:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега