Народната банка на Република Македонија преименувана во Банка на Република Македонија

Собранието на Република Македонија во поладневниот дел од денешната работа по дневниот ред на 30-тата седница со 77 гласа „за“ и пет „против“ го утврди Предлог-амандманот XXXV на Уставот.

Со амандманот XXXV се менува називот на Народната банка на Република Македонија во Банка на Република Македонија.

Како што истакна претеничката Владанка Авировиќ од СП, промената на името на НБРМ нема ништо да промени во однос на нејзината самостојност и надлежност.

- Банката и сега одлчично си ги врши своите надлежности, но името и е рецидив од поранешниот систем. Со измнеите што се предвидуваат нема да се нруши целокупната монетарна политика и ценовната и монетарната стабилност, која ќе продолжи да се базира на темелите вградени и досега, рече Авировиќ, најгласувајќи дека 176 национални банки во светот носат име какво што ќе има НБРМ по донесувањето на амандманот.

Промената на банкнотите и на монетите, на кои треба да се напише новото име на централната банка, ќе се врши сукцесивно по истекот на нивното траење пради што нема да се предизвикаат дополнителни финансиски импликации.

Со гласа 74 „за“ и три „против“ Собранието го утврди и Предлог-амандманот XXXVI на Уставот на Република Македонија.

Со амандманот XXXVI на Уставот, Државниот завод за ревизија станува уставна категорија, бидејќи ги контролира сите институции во земјава, односно врши ревизија на институциите кои се од повисока категорија од него. Со измените се внесува во Уставот дека Државниот завод за ревизија е врвно ревизорско тело во земјата што е и едно од барањата во препораките од Европската комисија. Се предлага Собранието да го избира и разрешува главниот државен ревизор.

Собранието ја заврши и расправата за Предлог-амандманот XXXVII на Уставот.

Со амандманот XXXVII се одредува дефицитот на Буџетот на Република Македонија да не може да го надмине прагот од три проценти, а јавниот долг да не може да биде поголем од 60 проценти од бруто домашниот производ.

По завршувањето на расправата претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ја прекина седницата и нејзиното продолжение го закажа за утре во 13 часот. Претходно денеска Собранието ги утврди предлог-амандманите  XXXIII кој се однесува за бракот и XXXIV за меѓународните финансиски зони.

По исцрпувањето на дневниот ред на 30-тата седница Собранието треба да ја продолжи и 11-тта седница на која единствена преостаната точка е Дополнетиот предлог закон за прекршоци, во второ читање. 

 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 21:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега