Нов скандал за смртта на Борис Трајковски

Дирекцијата за цивилно воздухопловство на БиХ (БХДЦА) соопшти дека Завршниот извештај на Комисијата која ја предводел Омер Кулиќ е плагијат на „Завршниот извештај за испитување на несреќата на авионот Beechraft Super King Air 200, со регистарска ознака З3-БАБ, Мостар од 26-ти февруари 2004-тата година“, кој е објавен на 05-ти мај 2004-тата година, а утврдената причина е всушност онаа која ја утврдила комисијата во 2004-тата година, како и дека се направени низа материјални и процедурални пропусти, како при формирањето на комисијата, така и во нејзината работа и при презентацијата на Извештајот, објави новинската агенција Патриа, а пренесуваат босанските медиуми.

Дирекцијата смета дека не се претставени нови докази што е причина за нов извештај, туку дека последниот извештај е ревизија на оној од 2004-тата година. Според Дирекцијата, плагираниот Завршен извештај е направен со цел да се дискредитира Комисијата која претходно спровела истрага.

Затоа Дирекцијата прашува зошто е отворена нова истрага, зошто таа траела несоодветно долго од 13-ти мај 2013-та до 29-ти ноември 2014-та година, зошто чини 160.000 евра, кој ја платил и кому му е платено?

 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 18:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега