Во Охрид немаше штрајк - наставниците беа на работните места

Второто полугодие од учебната година без никаков проблем стартуваше денеска низ сите училишта во општина Охрид. Од Aктивот на директори во Охрид посочија дека ниту еден од просветните работници во Охрид не го поддржал штрајкот организиран од Синдикатот за образование, напротив наставата се одвивала во најдобар ред и сите наставници биле на своите работни места во 8 часот наутро, пренесе Курир.

-С ите наставници беа на своите работни места и беа подготвени за реализација на наставните единици, а исто така и учениците беа навремено дојдени и присуствуваа на наставата, истакна претседателот на Активот на директори во Охрид, Јордан Пуровски.

Како што нагласи тој дури и доколку некој од наставниците се изјаснел за штрајк, тие веќе имале соодветна замена за истиот.

- Немаше никакви проблеми во однос на реализација на  на наставата и се` се одвиваше како што е планирано. Но, бевме потполно подготвени доколку некој наставник го поддржеше штрајкот и се изјаснеше за штрајкување, истиот да биде соодветно заменет со цел учениците да не губат од наставата, но  до петокот во ниту едно училиште немаше одлука од синдикатот дека во некое училиште ќе се спроведува таков штрајк, така што на тој начин бевме известени дека штрајк нема да има, и денеска се покажа дека сите наставници си ги одржаа своите часови, истакна потенцираше  Пуровски.

Тој додаде дека губење на часови немало во ниту еден дел од општината и наставата се одвива во целост.

 

 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 16:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега