Пропадна штрајкот на СОНК

 

Второто полугодие започна без никакви проблеми во сите општини во земјава, освен во Куманово и Струмица каде локалната власт е во рацете на опозицијата, односно со истата раководат Зоран Дамјановски – Циц во Куманово и лидерот на СДСМ Зоран Заев во Струмица.

Членови на СОНК и надлежните во повеќе општини низ Македонија се изјаснија дека нема да го поддржат штрајкот и второто полугодие од учебната 2014/2015 година во нивните основни и средни училишта наставата започна без одложување, пренесе Курир.

Тие ги повикаа учениците денеска да дојдат на училиште затоа што наставата ќе се одвива без никакви пречки, а родителите да ги донесат децата во градинките, бидејќи и тие нормално ќе функционираат.

Со завршувањето на зимскиот распуст, околу 280.000 основци и средношколци денеска се вратија во училишните клупи, освен во општините каде локалната власт е во рацете на СДСМ. 

Освен во овие две општини, штрајк во останатите нема. Во текот на минатата недела, најголемиот дел на наставници- членови на СОНК, му испратија порака на претседателот Јаким Неделков дека нема да бидат дел од неговата лична битка за уште еден мандат. Тие зад најавите на штрајкот гледаат нечесни намери и нереални барања.

 

 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега