Битолчанки ќе облечат штикли и ќе се тркаат на Широк Сокак
Битолчанки ќе облечат штикли и повторно ќе се тркаат на Широк Сокак. Младинскиот културен центар од Битола одлучи да ја обнови трката на штикли во рамки на годинешното издание на меѓународниот фестивал ,,Битола Отворен Град“, објавува Канал 5.
Трката е закажана за 27.јуни, со старт на плоштадот „Магнолија“. Во тек е јавниот повик на кој може да се пријават сите заинтересирани битолчанки.
-Услов во трката е штиклите да не се пократки од 8 сантиметри и пошироки од 2 сантиметри. Ние како организатори за најбрзите подготвивме пакети и парични награди, вели Маја Ангеловска, од Младинскиот културен центар Битола, пренесува Канал 5.
Ваква трка за прв пат во Македонија се одржа во 2007 година во Битола. Оваа година натпреварот ќе биде на национално ниво, а организаторите планираат следната година да прерасне во меѓународна трка.