Реал Мадрид со нов тренер - Карло Анчелоти се раздели од ПСЖ

Карло Анчелоти тренерот на ПСЖ до крајот на денот и официјално ќе ја потпише спогодбата за разделување од францускиот шампион. Италијанецот решен да замине во кралскиот клуб одби да го продолжидоговорот со богатите арапски сопственици кои сега се на тешки маки да му најдат соодветна замена. Имено веќе бил контактиран тренерот на Свонси Михаел Лаудруп но како што стојат работите можно е да пристигне и актуелниот менаџер на Тотенхем, Андре Виљаш-Боаш.Друг проблем е местото на спортски директор кое го води Леонардо. Но Бразилецот доби деветмесечна суспензија па оттука скаутите на тимот од паркот на принцовите ќе имаат бурен период во потрага по нивна достојна замена. 

најчитано сега