До 2100. година на светот ќе има 10,9 милијарди жители

 

Светското население, кое сега брои 7,2 милијарди луѓе, се очекува до 2025 година да достигне 8,1 милијарда, 9,6 милијарди во 2050 година и 10,9 милијарди во 2100 година, се наведува во извештајот на Обединетите нации.

Исто така, бројот на луѓе на возраст од 60 години нагоре најверојатно ќе се зголеми над трипати до 2100 година, од 841 милион луѓе денес, до 2 милијарди во 2050 година и речиси 3 милијарди во 2100 година.

Според извештајот под наслов „Светските демографски перспективи, корегирана 2012“ Африка ќе обезбеди над половина од светскиот раст на населението. Од сегашните 1,1 милијарда жители Африка во 2050 година ќе има 2,4 милијарди и над 4,2 милијарди жители во 2100 година.

Во останатиот дел од светот се очекува населението да се зголемува за 10 проценти во периодот меѓу 2013 и 2100 година. Населението на Европа ќе се намали за 14 проценти во тој период.

Се очекува Индија да ја надмине Кина како земја со најголем број жители во светот околу 2028 година со 1,45 милијарди жители, а во 2100 ќе има 1,5 милијарди наспроти Кина со 1,1 милијарда жители.

најчитано сега