Пивтијада во Гази Баба

Денеска се одржува традиционалната манифестација „Пивтијада 2015“. Настанот ќе се одржи на плоштадот "Филип II" во населбата Автокоманда во Општина Гази Баба.

На манифестацијата, што се одржува по седми пат, ќе учествуават жени од месните и урбаните заедници,  од Организација на жени на Гази Баба, Здружението на пензионери Гази Баба и ресторани од територијата на општината. За најубаво декорираните пивтии следуваат и награди, а средствата кои ќе се соберат традиционално ќе се доделат на Клиниката за детски болести во Скопје.

 

 

Оцени ја веста

19.01.2015 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега