Демирхисарските наставници одлучиле: Нема поддршка за неосновани барања испирирани од лични побуди

Четири дена пред почетокот на второто полугодие од учебната година, градоначалникот на Општина Демир Хисар, Љупчо Блажевски ги повика на координација директорите на трите општински централни основни и средното училиштe.

На оваа традиционална полугодишна средба беа сумирани и анализирани резултатите постигнати во првото полугодие при што било констатирано дека процесот се одвива редовно и непречено.

-Училиштата редовно и навремено ги сервисираат сите достасани финансиски потреби. На средбата присуствуваше и директорот на детската градинка кој информира дека во овој период од годината традиционално е намален бројот на децата на дневен престој заради училиштниот распуст, но и дека оваа година рапидно е зголемен бројот на згрижените деца – 40тина во почетокот на учебната, а 83 на крајот од првото полугодие. На средбата стана збор и за најавите за штрајк на Синдикатот на работниците од образованието, науката и културата на 20ти јануари. Од разговорот произлезе заеднички и едногласен заклучок дека во моментов не постојат реално проценети причини за било каква манифестација и демонтрација на работничко незадоволство – како од условите за работа, така и од висината на платите во образованието. Исто така, како што се вели во заедничкиот заклучок, демирхисарските просветни работници нема да дозволат и дадат поддршка на неосновани барања што се осуетени, инспирирани и мотивирани од лични и кариеристички побуди, се вели во соопштението од општина Демир Хисар.

 

 

Оцени ја веста

18.01.2015 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега