Наставата во Босилово во вторник продолжува редовно

Наставата во училиштата во Општина Босилово во вторник ќе продолжи да се одвива според планираното. Нема да има штрајк, соопшти градоначакникот на општината Љупчо Колев по денешната средба со директорите на училиштата и група наставници членови на СОНК.

На состанокот на градоначалникот со директорите и група наставници – членови на Синдикатот за образование, наука и култура при ООУ „Гоце Делчев“ Босилово, ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Иловица и ООУ „Борис Трајковски“ Моноспитово и подрачните училишта, е констатирано дека СОНК повикува на генерален штрајк врз основа на неаргументирани барања.

Имено, се наведува, Синдикатот не дава детално и конкретно образложение за оправданоста и реалната остварливост на предлозите. Се потсетува дека според програмата на Владата покачувањето на платите ќе се реализира етапно во претстојните години.

Исто така, беше заклучено дека претседателот на СОНК тоа го прави од личен интерес заради престојниот реизбор.

Поради тоа, наставниците сметаат дека наставата на 20 јануари треба да продолжи нормално и според предвидените планови. 

- Сите услови за продолжување на наставата се исполнети и во централните и во подрачните училишта. Градоначалникот на општина Босилово ги извести родителите на учениците и наставниците дека нема да има штрајк и наставата во второто полугодие ќе започне навремено, се вели во соопштението

 

 

Оцени ја веста

18.01.2015 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега