Министерството за здравство ги сака специјалистите од приватните клиники - објавен огласот за „трансфер“ на докторите

 

Од Министерството за здравство информираат дека во текот на денешниот ден бил објавен повик за искажување интерес во дневните весници во врска со најновите измени на Законот за здравствена заштита, кои предвидуваат можност на преземање на здравствените работници од приватното во јавното здравство.

Овој повик, информираат од Министерството, се однесува на  доктори – специјалисти вработени во приватните здравствени установи кои сакаат да преминат да работат во јавните здравствени установи.

-Кандидатите својот интерес треба да го искажат на e-mail prezemanje@zdravstvo.gov.mk со писмо за интерес кое треба да ги содржи  следните податоци: име и презиме, контакт телефон, е-маил адреса, специјалност, работно искуство како специјалист, како и податок дали досега има работно искуство како специјалист во јавна здравствена установа, стои во соопштението од Министерство.

најчитано сега