Министерски состанок на земјите од Јадранската повелба

 

Денеска во Охрид ќе се одржи Конференцијата на министрите за одбрана на земјите-членки на Јадранската повелба насловена „Здружено кон глобалниот мир и безбедност“.

На Конференцијата ќе учествуваат министрите за одбрана на земјите од Јадранската група или нивни претставници, земји набљудувачи и земји гости, претставници на САД и НАТО, експерти од НАТО, одбранбените аташеа, дипломати, НАТО Советодавниот тим во РМ, како и претставници на релевантни институции на Република Македонија.

Конференцијата претставува континуитет на процесот воспоставен меѓу земјите, со цел промоција на регионалниот дијалог, зајакнување на регионалната соработка, како и јакнењето на националните капацитети за евроатлантско интегрирање на Регионот.

На конференцијата ќе стане збор за билатералната и регионалната соработка, за достигнувањата на А5 земјите на полето на одбранбените реформи, а ќе биде поздравена и посветеноста на Алијансата за продолжување на политиката на „отворена врата“ реафирмирана на Самитот во Чикаго како и улогата на Албанија, Хрватска и Соединетите Американски Држави во поддршка на аспирациите за НАТО членство на земјите од регионот.

Подвлекувајќи го досегашниот придонес во ИСАФ, кој ги промовираше А5 земјите како извозници на мир и стабилност, овој министерски состанок уште еднаш ќе ја реафирмира подготвеноста за наше учество во мисијата во Авганистан по 2014 година, земајќи ги предвид целите и приоритетите на транзицијата во Авганистан. 

најчитано сега