Радост за скопјани - вечерва почнува осмиот „Баскерфест“
Вечерва на фасадата на Веро центарот во Скопје, трупата „Ил Посто” од Италија ќе го отвори годинашното осмо издание на Меѓународниот уличен фестивал „Баскерфест“, во организација на Здружението на граѓани „One way“.
Настапот на италијанската трупа е комбинација на акробатски вертикален танц со музика во живо и спектакуларна кореографија индивидуално креирана за секој настап. По свеченото отворање, пред Веро центарот ќе се претстават и преостанатите настапувачи со кратка изведба на своите точки.
И годинава покровител на овој значаен уличен фестивал е Град Скопје, кој што е подржувач на Баскерфест веќе осум години ред. Годинава Баскерфест ќе се дисперзира и низ цела Македонија.