Има само 17 години: Топалко и дал на ќерката 20 илјади евра, а еве и за што…

Милан Топаловиќ Топалко и дал на ќерката Хелена (17) дури 20 000 евра за отворање на бутик во Белград. Топалко го платил реновирањето на еден локал во белградската населба Видиквац, а платил и кирија за неколку месеци однапред. Грижливиот татко дал и 10 000 евра за набавка на гардероба од Истанбул.

 

Иако, се уште не е полнолетна Хелена добро сфатила како функционира бизнисот, па направила реклама за бутик на социјалните мрежи, а само на Фејсбук има 20 илјади следбеници.

 

Гордиот татко потврди дека и дал пари, но кажа дека не е воодушевен од идејата на неговата ќерка да започне сопствен бизнис.

 

-Точно е дека и дадов пари на мојата ќерка да отвори бутик, но тоа е сѐ што направив за нејзината работа. Околу набавката на робата, рекламата и останатите работи со прст не мрднав. Најлесно е да се дадат пари. Неколку пати се обидов сопругата и ќерката да ги убедам да не влегуваат во овој бизнис. Едноставно мислам дека од тоа нема голема заработувачка. Не сакав ниту да влезам во локалот додека не го завршија реновирањето и целосно не го средија дуќанот“, искрено кажа Топалко за еден српски портал.

Извор: Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

15.01.2015 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега