Димовски: Воведуваме пробна година од државниот испит и не отстапувме од потребата за реформи

Воведуваме пробна година за државниот испит и нема да се отстапи од потребата за реформи, изјави Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

- Има уште две-три години од спроведување на законот, а во меѓувреме, ако има потреба од интервенции, тие ќе се направат, рече Димовски.

Според него, последните студентски протести се повеќе политички отколку студентски.

- Говорите се политички, транспарентите се политички. Протестот на Студентскиот пленум се однесе во политика, се претвори во антивладин студентски пленум, истакна тој.

 

 

Оцени ја веста

14.01.2015 - 18:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега