Политички наместо образовни пораки - студентски или политички пленум?

Таканаречениот Студентски пленум се повеќе се занимава со политика и дејствува како политичка организација, наместо да застане во вистинска одбрана на правата на студентите. Реформите во високото образование и понатаму продолжуваат да ја брануваат македонската јавност и се поочигледно е дека оваа тема се повеќе има политичка позадина и добива политичка конотација.

По денешниот неуспешен протест на Студентскиот и Професорскиот пленум, станува се поочигледно дека отпорот кон реформите кои треба да го зголемат квалитетот во високото образование значително се намалува. Денеска во малобројната група пред Собранието можеа да се забележат претежно лица од опозицијата кои одработуваа политичка агенда.  Незадоволството во голем дел останува локализирано само во партиско политичка димензија.

Самопрогласените организации и здруженија како што се Студентскиот и Професорскиот пленум, кои што се против реформите во високото образование, наместо да се занимаваат со конкретни предлози и решенија како би се подобрил образовниот процес во Македонија, се занимаваат со политика искористувајќи ја идејата за реформи во образованието за остварување на туѓи интереси.

Во досегашните протести и изјави на членовите на таканаречениот Студентски пленум, можеше да се забележи употреба на голем број на политички фрази, транспаренти и политички ставови кои што немаат никаква поврзаност со реформи во високото образование.

Наместо аргументирани предлози за подобрување на квалитетот на образованието, се употребува фрази и политички обвинувања за недостиг на демократија во државата, недостаток на слобода на говор, фашизам и диктатура, рушење на владата односно фрази и тези препознатливи за опозицијата и медиумите финансирани од Фондацијата СОРОС.      

-Го земаме тоа право, затоа што чувстуваме граѓанска одговорност да ја заштитиме слободната мисла, авторитетите не смеат да бидат апсолутни и затоа ќе бојкотираме, ќе блокираме и ќе окупираме, порача на денешниот протест студентката Ана Нешковска од Студентскиот пленум.

-Тука сме и нема да престанеме со борбата за нашите права, за избор, за слобода, за достоинство. Погледенето го човекот кој стои до вас, во очите на тој човек повеќе нема страв, во сите нас повеќе нема страв. Разбуден е сомнежот во политиката што се води. Самото наше присуство говори дека сме тука, да кажеме стоп за оваа диктатура, изјави Анастасија Петровски од Студентскиот пленум.

Овие изјави не се ни малку различни од речникот кој што го користи опозицијата и медиумите блиски до неа, што дополнително говори за целта и позадината на овие протести.

Исто така, на протестите кои досега беа одржани по повод реформите во високото образование организирани од страна на Студентскиот пленум, можеа да се забележат голем број на политички мотивирани транспаренти и скандирања, кои што се повеќе наликуваат на веќе познатите тези за рушење на Владата, отколку конкретно за предвидените реформи во високото образование.

Како уште еден пример за политизирање на реформите во високото образование е и се посличниот речник на луѓето кои ги водат организациите и медиумите финансирани од СОРОС со ставовите на Студентскиот пленум. Овие организации и медиуми преку поддршката која ја даваат на Студентскиот пленум, исто така се обидуваат да ја политизираат целата ситуација, наместо да придонесат за подобрување на квалитетот на високото образование во Република Македонија.

Долгогодишниот предводник на „Младинскиот образовен форум“ Марјан Забрчанец, организација која е финансирана од СОРОС, која што директно застана зад бранење на студенстките права, поддржувајќи ги студентите и студентските протести јавно повикуваше на рушење на Владата и предизвикување на немири.

Се поочигледно е дека студентската организација „Студентски пленум“ се повеќе дејствува како политичка организација која што се занимава и зборува само за политички теми отколку за интересите на студентите, како и за подобрување на квалитетот на образовниот процес во виското образование во Република Македонија.

 

 

Оцени ја веста

14.01.2015 - 17:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега