Министерство за транспорт: СДСМ со евтини приказни ја манипулира македонската јавност

Во недостаток на идеи и проекти за граѓаните, раководството на СДСМ и нејзиниот портпарол Шилегов се уште ја држат отворена темата за некаков наводен скандал собирајќи евтини политички поени кај нивните членови за да покажат дека нешто работат, регираа од Министерството за транспорт и врски на денешната прес конференција на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

Во продолжение следува интегралниот текст од реакцијата на Министерството за транспорт и врски:

Очигледно правникот Петре Шилегов кога зборува за договор за закуп или не сака или не знае да го прочита. Единствено во договорот за закуп како облигационен однос стои лицето Миле Јанакиески и Проектот за рехабилитација и продолжување на канализационата мрежа во Прилеп.

Вчера министерот Јанакиески пред целата македонска јавност објави дека го раскинува договорот пред се поради  лицемерието и дрскоста на политичари како Шилегов кои политиката ја сметаат исклучиво како арена за плукање и навреди, а не како поле на докажуавње  преку конкретни проекти.

Во недостаток на идеи и проекти за граѓаните, раководството на СДСМ и нејзиниот портпарол Шилегов се уште ја држат отворена темата за некаков наводен скандал собирајќи евтини политички поени кај нивните членови за да покажат дека нешто работат.

Фирмите кои денеска ги објави Шилегов, вчера беа објавени на неколку веб портали кои ги координира токму СДСМ. Со тоа, дали се потврдува дека СДСМ нарачува евтини приказни и потоа ги објавува на прес конференција манипулирајќи ја македонската јавност.

И за тоа Шилегов повторно ги искористува истите медиуми.

Дегутантно е Петре Шилегов да зборува за наводен скандал а да се нема храброст документите со кои мавта на неговите прес конференции да ги достави до надлежните институции.

Уште еднаш го повикуваме Шилегов и неговата партија, да не поставуваат прашања преку медиумите што ги контролираат, тука ако имаат било какви докази да ги достават до Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупција.

Ги повикуваме да соберат храброст и исто како министерот Јанакиески,  неговиот шеф  Шеќеринска да ги достави документите до надлежните институции за закупот на нејзиниот стан за која земала кирија од пет илјди евра.

Сакаме да потенцираме дека вчера на прес конференција министерот Јанакиески повтори и јавно потврди дека станува збор за склучен договор за закуп само со еден правен субјект, а не како што сака да прикаже Шилегов, кој упорно се труди да манипулира со договорот.

 

 

Оцени ја веста

14.01.2015 - 16:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега