ФОТО: Новиот дрес на Манчестер Јунајтед

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед следната сезона најверојатно ќе играат во ретро дресови.

Доминантна боја како и досега, ќе биде црвената, но со одредени додатоци на рабовите од дресовите.

Меѓутоа, главната промена нема да биде дизајнот. Имено, Јунајтед во текот на летото ќе го промени произведувачот на опремата.

По неколку годишна соработка со „Најк“, Манчестер Јунајтед во иднина ќе го облекува „Адидас“.

Според информациите, за десетгодишен договор со германскиот гигант „Црвените ѓаволи“ ќе заработат 750 милиони фунти.

 

 

Оцени ја веста

14.01.2015 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега