ФОТО: Имал ерекција цели 8 месеци

 

Даниел Метзгар е возач на камиони. Тој го тужел докторот кој го оперирал, бидејќи по зафатот 8 месеци непрекинато имал ерекција.

Ваквата ситуација станала непријатна дури и при обавувањето на најобичните работи, како што е на пример купувањето весници, фамилијарните собири и слично.

Метзгар (44) во 2009 година имал оперативен зафат за вградување на дури три импланти во пенисот, а тогаш се создале проблемите, односно маката од 8 месеци.

-Најобичните работи станаа проблем откако “остана во таа позиција”", изјавил неговиот адвокатот.

Хирургот кој ги ставил имплантите во пенисот на овој пациент изјави дека не е виновен за неговата „ситуација”.

Д-р. Тoмас Џ. Десперито и неговите адвокати велат дека понекогаш може да се појават лоши медицински резултати и кога никој не е виновен.

Тие велат дека самиот пациент е виновен, бидејќи не реагирал и не заминал кај лекарот кога го забележал отокот на скротумот во декември.

Наместо тоа, пациентот го занемарувал проблемот се до април.

Како и да е, Метзгар се одлучил за вадење на имплантите во 2010 година, но сега се жали дека „пенисот му е двојно пократок и дека не го чувствува”.

најчитано сега