Грција врие: Предизборни препукувања поради спорот со името

Најголемата опозициска партија Сириза, која е и главен фаворит на претстојните парламентарни избори во Грција, не престанува со обвинувањата на сметка на Нова демократија во врска со името на Македонија, пренесува МИА.

Кандидатот на пратеник на Сириза Панајотис Хаџисавас, го обвини пратеникот на Нова демократија Лазарус Цавдаридис дека има меморија на златна рипка и „за жал покажува неприфатлив политички заборав дури и за сериозни прашања“.

- Последната неточност е сосема случајното вклучување на прашањето на спорот за името во изборите, за кое дури и се обидува да ја префрли одговорности каде на друго место, ако не на Сириза. Наместо да ја обвинува Сириза, пратеникот треба да го насочи огнот кон политичкиот лидер Самарас, чиј политички авантуризам доведе до сегашниот ќор сокак во кој се наоѓа прашањето за името на Скопје, односно цел свет на ПЈРМ да и се обраќа со Македонија и Грција се уште за жал денес моли да се прифати сложено име кое Самарас како министер за надворешни работи го одби, вели Хаџисавас.

И Михалис Тремопулос, кој исто така е кандидат за пратеник на Сириза, го прозва Самарас во врска со прашањето за името. Според него, „предметот за името ќе бил затворен уште во 1992 година и тоа во согласност со се она што денес го бара официјалната грчка политика“. Тој нагласи дека Самарас тогаш „го торпедирал реалниот компромис со користење на страв и национализам како алати за лична и политичка придобивка“.

- Ние сме апсолутно јасни и да нема заблуди: ние сме за взаемно прифатливо сложено име и се спротивставуваме на национализмот од каде и да доаѓа. Секој кој вели нешто друго, да каже официјално и јавно, рече кандидатот на Сириза и додаде дека „поголемиот дел од политичкиот свет се согласува со неговата партија и го предлага привременото име на ПЈРМ“.

 

 

Оцени ја веста

14.01.2015 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега