Слаб одѕив на протестот пред Собрание - поддршката за реформите сè поголема

 

Слаб одѕив на најавениот протест на таканаречениот Студентски пленум пред Собранието. Пред Законодавниот дом можеа да се забележат 100 до 200 лица, претежно блиски до опозицијата или пак лица кои имаат политичка агенда.

Протестите против реформите кои треба да го зголемат квалитетот во високото образование ја губат масовноста. Незадоволството е намалено и од она што може денеска да се види пред Собранието, истото во голем дел останува локализирано само во партиско политичка димензија, пишува Курир.

Во изминатиов период, надлежните институциите како плод на конструктивна дебата со Универзитетите прифатија и вградија дваесетина сугестии во законот со кои се подобрува квалитетот на реформата на високото образование. Ова е една од главните причини зошто бројот на протетестанти е видно и значително намален во однос на претходните протести.

Во меѓувреме, реформата добива се поголема поддршка и помеѓу професорите и помеѓу студентите. На  „Граѓанската иницијатива за поддршка на знаењето во високото образование" се приклучија повеќе од 250 професори.

Министерството за образование и наука вчера објави дека го поддржува предлог на УКИМ, за спроведување пилот проект за државниот испит, пред неговото официјално воведување. Понудениот предлог од МОН позитивно го оценуваат и сметаат дека е конструктивен и добар.

Во соопштението наведуваат дека Министерството за образование и наука позитивно ја оценува досегашната јавна дебата и дискусија која се реализира со цел да се унапреди и надгради предложениот пакет реформи за подигнување на квалитетот на севкупниот образовен систем во Република Македонија.

- Изразувајќи почит кон Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и другите универзитети, Министерството за образование и наука останува отворено за секоја аргументирана иницијатива и предлог реформа која значи понатамошно унапредување на квалитетот на образованието во Република Македонија, стои во соопштението. 

 Потсетуваат дека во изминатиот тримесечен период, прифатени и инкорпорирани се повеќе од 20 предлози кои беа понудени од високо образовните установи, професорите и студентите, како и од  останатите општествени чинители.

За денеска во Собранието е закажана седница на која треба да се изгласаат измените во Законот за високо образование.

 

 

Оцени ја веста

14.01.2015 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега