Трагичен крај за 19-годишна мисица: Починала за време на...

 

19- годишната Кетрин Кандо студентка по медицина која работела како модел, а минатата година во октомври на избор за убавина била прогласена за Кралица на Дуран во Еквадор, починала на операциона маса за време на липосукција.

Не планирала да прави липосукција, но покрај автомобил и таблет, за освоената титула добила и липосукција како награда.

Заминувањето на третманот го одложувала затоа што мислела дека не и` е потребен, но членовите на жирито на натпреварот на кој победила, сметале дека би изгледала подобро со некој килограм помалку. Таа им истакнувала на локалните медиуми дека повеќе би сакала да вежба за да ја доведе својата линија до совршенство, отколку да појде на липосукција. Но, мисицата сепак попуштила.

-Пред да замине на липосукција, хирургот кој ја оперираше ја бараше безброј пати. Таа упорно го одбиваше. Операцијата сакаше да му ја подари на некој друг, но на крај попушти само за да се ослободи од напорниот хирург, изјавил нејзиниот пријател Даниел Завала.

Кетрин на операцијата била на 10 јануари и починала на операционата маса. Сега се истражуваат точните околности околу нејзината смрт. На нејзиниот адвокат засега од болницата му рекле дека таа починала од едем или отекување на мозокот, но на нејзините родители им рекле дека причината била срцев застој.

 

 

Оцени ја веста

14.01.2015 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега