„Мојата мајка ми ги купи првите високи потпетици” - исповед на еден маж
62-годишната Стеф секогаш сакала Новата година да ја започне со нова животна одлука, но дури после 59 години болекување како жена таа конечно одлучила да го промени и полот. Сè започнало кога Стеф, професорка по информатика во пензија, добила црни високи потпетици за божиќен подарок кога имала само три години. Целиот живот тајно се облекувала како жена, а штом ќе се вратела од работа веднаш облекувала фустани и потпетици. Нејзината тајна ја знаеле само нејзиното најблиско семејство.
„Моето патување започна кога мојата мајка ми подари високи потпетици за Божиќ, пред 59 години. Јас не ги побарав, едноставно добро ме познаваше. Можеби звучи чудно затоа што бев тригодишно момче. Сепак, отсекогаш се чувствував поразлично. Повеќе сакав розева отколку сина боја и кукли отколку автомобили. Мама не се грижеше за тоа, а и татко ми ме оставаше да бидам она што сум“, раскажува Стеф.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа