Полски свештеник осуден поради педофилија
Римокатолички свештеник е осуден на седум години затвор откако вчера судот во Полска го прогласи за виновен поради сексуално злоставување на малолетни деца.
Судот во Вроцлав му забрани на 44-годишниот свештеник да работи со млади луѓе до крајот на животот и побара за него психолошки третмани. Свештеникот е именуван само како Павел К. во согласност со полските закони за приватност.
Уапсен бил во декември 2012 година во хотел во кој се пријавил со тинејџер, што предизвикало сомневање кај вработените во хотелот во Вроцлав кои го пријавиле. Фотографии од неговите жртви се пронајдени во неговиот компјутер.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа