ФОТО: Синот на Џеки Чен осуден на шест месеци затвор
Синот на актерот Џеки Чен. Џејси (32) ја признал вината за консумирање дрога и осуден е на шест месеци затвор, а мора да плати и казна од 2 000 јени односно 320 долари, пишува АП.
Полицијата го приведе Чен, како и тајванската филмска ѕвезда Ко Каиј и неколкумина друго во август минатата година.
Според пишувањата на агенцијата Синхау тие консумирале марихуана, а полицијата во станот запленила повеќе од 300 грама од таа недозволена супстанца.
-Го прекршив законот и заслужувам да бидам казнет и по ова никогаш повеќе тоа нема да го правам, кажал Чен јуниор во судницата.
Максимална казна за тие обвиненија е три години затвор, но судот бил благ во изрекувањето на казната, поради тоа што Чен доброволно ја признал вината.
Неговиот татко Џеки Чен, ѕвездата на акционите филмови, од порано ги предупредуваше младите да не користат дрога и во Кина во 2009 година е прогласен за амбасадор против дрогата.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа