Твитер ќе лансира сопствен видео сервис
Социјалната мрежа Твитер соопшти дека за неколку недели планира да отвори сопствен видео сервис, објави информативниот сајт „РеКод“.
Сервисот би требало на корисниците да им овозможи снимање, уредување и објавување на видео записи преку самата апликација.
Иако е во сопственост на иста компанија како и и видео сервисот Вајн, Твитер тврди дека нема намера да им конкурира на сличните сервиси, туку само сака „корисниците да минуваат подолго време“ на социјалната мрежа.
На стартот ќе биде овозможено објавување на видео записи во траење до најмногу 20 секунди, а предвидено е сервисот да биде прилагоден и за мобилна апликација.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа