Успешна година за УЈП

Фискализацијата со ГПРС уредите, зачестените контроли тимски од УЈП, Минстерството за внатрешни работи, Пазарниот инспекторат, секој во делот на својата надлежност го намалува процентот на неправилности. Порано, ако традиционално сме имале 30% неправилности од контролиран примерок, сега сме некаде имаме помеѓу 8 и 12 % утврдени неправилности на терен, вели во интервју за МРТ, првиот човек на УЈП, Горан Трајковски.

На прашањето каква беше годината што помина за УЈП и каква е состојбата во даночната каса Трајковски одговори дека сосотојбата е задоволителна и дека во целост си ја завршиле обврската, а за речиси еден процент е и надмината.

-Некаде вкупно 557 милиони денари повеќе наплативме по основ на трите данока кои ги администрира Управата за јавни приходи, значи ДДВ, данок на добивка и персонален данок на доход. Исто така успешни бевме и во наплата на социјалните придонеси, придонесот за здравствено осигурување, за инвалидско осигурување, надоместот за невработении, каде имаме две милијарди денари поголема наплата во однос на 2013 година. За 8,7 проценти сме подобри во однос на планираното во делот на наплатата на радио дифузната такса, значи ако минатата година наплативме 746 милиони, оваа година 810 милиони. Беше тешко и напорно, меѓутоа задоволството на крај е целосно, истакна Трајковски.

Пред Вас се и нови проекти, доаѓа и оној клучен период за УЈП, најново е тоа што го објавивте списокот на должници на оние фирми кои и должат на УЈП. Што најмногу се обидуваат фирмите да прикријат и колкава е најголемата сума на оној што должи?

Кога станува збор за листата на должници не би кажал да прикријат, зошто тоа не се прикриени средства, тоа од една страна се утврдени од наша страна во инспекциски надзор, или се доброволно искажани од страна на компаниите и физичките лица меѓутоа одредени ликвидносни и  проблеми во компаниите не дозволија благовремено да ја измират својата обврска. Ова е релативно нова пракса во Р. Македонија, ова е седма листа по ред, ние почнавме летото 2014 година.

Каков е фидбекот од фирмите како должници?

Постојат две категории на даночни обврзници, значи хронични должници, кои хронично се повторуваат од листа на листа и за жал и во следните месеци ќе ги гледаме како предводници на листата, и фирми кои во тековното работење западнале, се нашле на листата, меѓутоа сториле се што било во рамките на нивна моќ, сме помогнале и ние во рамки на законските можности колку што сме можеле, што поскоро да се тргнат од листат на должници. Она што радува е дека немаме некои енормни заголемувања на листата, постојано  има некое благо опаѓање, скромно, меѓутоа благо опаѓање на должниците, нормално е дека предничат ДДВ долговите, бидејќи ДДВ-то е најиздашен данок во буџетот. Меѓутоа мноштвото, тоа ја прави големината на нето износот на долгот, меѓутоа бројот на даночните обврзници, ги имаме ние 3.000 илјади, се должи на обврската за исплаќање на бруто плата, каде што има и вклучително и персонален данок на доход и придонеси меѓутоа и нето платата која треба да биде исплатена на вработените. Ова особено за делот на листата што се однесува на физички лица кои се обично вршители на дејноста со еден, двајца, тројца вработени, значи кај нив цифрата ја постигнуваме затоа што не се во состојба редовно да ги исплаќааат платите. Иако се знае истовремено дека физичките лица, над 120 илјади се објавуваат, а ги објавуваме со состојба од претпоследниот квартал, од пред три месеца состојбата, значи они веќе можеби за првите два квартала во годината исплатиле плати, значи има некое константно доцнење што ги држи на листата, но ќе кажам, добар е стремежот за што побрзо да се излезе од листата на должници.

Какви казни ќе има за оние фирми кои нема да ја испочитуваат обврската со касите?

Значи казните остануваат исти, како да не поседуваат фискален систем на опрема, значи зависно од статусот дали станува збор за физичко или за правно лице. Казната се движи од 750 за физичките лица, 2 500 евра во денарска противредност за правните лица и 750 евра за одговорното лице во правното лице, со тоа што повторно во зависност кај едните или кај другите може да се изрече и се изрекува забрана за вршење дејност во траење од 15 до 30 дена.

Засилена акција имаше Управата за јавни приходи изминативе денови во Гостивар и во Тетово. Каква е даночната дисциплина?

Пред крајот на годината исто така имавме, особено од медиумите дека сме тенденциозно засилени во одредени региони на Македонија. Бројките го кажуваат другото. Ние имаме од периодот од 22.12 до 12, тие бројки ќе ги презентирам. 320 контроли се извршени на територијата на Република Македонија. Предничи градот Скопје со околината, значи 10-те скопски општини и 6-те рурални општини кои гравитираат кон Скопје со 142 контроли. Потоа регионалната дирекција Кавадарци со 91 контрола, тоа е општина Велес до Гевгелија и странично општините Валандово и Дојран, тие се во надлежност на регионалната дирекција Кавадарци и дури потоа доаѓа регионалната дирекција Тетово каде се на се се извршени 44 контроли, така што не станува збор дека Тетово и Гостивар се под некоја посебна опсада на УЈП. Пак ќе кажам, од една страна фискализацијата со ГПРС уредите, зачестените контроли тимски од УЈП, Минстерството за внатрешни работи, Пазарниот инспекторат, секој во делот на својата надлежност го намалува процентот на неправилности, значи порано, ако традиционално сме имале 30% неправилности од контролиран примерок, сега сме некаде помеѓу 8 и 12 % утврдени неправилности на терен.

Доаѓа клучниот период кога УЈП ја чекаат полни раце работа, компаниите, но и граѓаните треба да ги достават пресметките за исплатените приходи. Какво е досегашното искуство, дали се чека последниот рок, подготвени ли се?

Бидејќи минатата година ние кај правните лица дефинитивно преминавме на е-даноци, значи гужвите пред шалтерите ги нема, ги очекуваме во делот на физичките лица, меѓутоа тука имаме и комоција во роковите, значи останува стариот рок, до 15 март.  Во моментот она што е интересно е што до 31 јануари сите земјоделци кои се заинтересирани да бидат паушално одданочувани, треба да поднесат барање за тоа. Тоа може да создаде малку физичка гужва пред шалтерите на УЈП. Ние сме подготвени, работиме со продолжено време, саботите се работни во УЈП и исто така во недостапните рурални подрачја патуваме со нашите мобилни даночни шалтери и мислам дека без поголема нервоза и на општо задоволство, ќе им удоволиме на сите даночни обврзници.

 

 

Оцени ја веста

14.01.2015 - 09:53
Фото: 
сител

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа