Грчките власти евакуираа брод зафатен од бура во близина на Крит

Грчките власти успешно евакуираа со хеликоптер шестчлен екипаж на товарен брод, кој  бил зафатен од бура во близина на брегот на островот Крит. 

Министерството за одбрана на Грција објави дека армиски хеликоптер извршил евакуација на екипаж на брод, што пловел под знаме на Сент Винсент и Гренадин.

Турскиот сопственик на 79-метарскиот брод првично наредил екипажот да го напушти бродот, а подоцна на грчките власти кажал дека ситуацијата е под контрола. Не е јасно зошто бродот, што се наоѓал на половина морска милја северозападно од Крит на крајот бил евакуиран.

Министерството соопшти дека три спасувачки чамци се испратени кон бродот. Членовите на екипажот се идентификувани како тројца турски државјани, двајца државјани на Азербејџан и еден Грузиец.

 

 

Оцени ја веста

13.01.2015 - 23:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега