Музејот на ФИФА ќе биде отворен во 2016 година

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денеска најави дека ФИФА музејот ќе биде отворен во март 2016 година во центарот на Цирих.

Музејот ќе биде на два ката на површина од 3.500 квадратни метри.

Уметничкиот директор на музејот, Дејвид Осеј рече дека целта на музејот е да се покаже колку спортот е популарна активност во светот која продолжува да ги инспирира луѓето.

Осеј нагласи дека инспирацијата за изградба на музејот беше музејот на Меѓународниот Oлимписки Kомитет, кој се наоѓа во Лозана.

ФИФА музејот ќе има постојани и повремени изложби на колекционери, библиотека, центар за истражување фудбал и архивски центар.

Се очекува годишна посета на овој објект помеѓу 250.000 и 300.000 посетители.

 

 

Оцени ја веста

13.01.2015 - 17:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега