Таткото на осомничените за нападите во Бостон неделава ќе замине за САД

 

Таткото на двајцата браќа осомничени за нападите во Бостон, изјави дека неделава ќе замине од Русија за САД, во потрага во правдата и вистината.

Анзор Царнаев нагласи дека има многу прашања за полицијата и дека сака да се расчистат многу нешта.

Во интервју, направено во неделата, Царнаев изјави дека планира за неколку дена да замине за САД, но мајката на осомничените изјави дека таткото ќе пристигне во САД во среда. Таа нагласи дека семејството ќе се обиде да го врати телото на поголемиот син во Русија.

Тамарлан Царнаев (26) беше убиен во престрелка со полицијата. Неговиот помал брат, деветнаесетгодишниот Џохар, подоцна беше фатен жив, но тешко повреден.

најчитано сега