Секоја чест- Сараевчанец му подарил стан на бездомник

Сараевчанецот Е.Е., кој побарал да остане анонимен, направил добро дело за кое долго ќе се зборува. Имено тој вдомил еден сараевски бездомник, подарувајќи му гарсониера, целосно опремена со мебел и сите неопходни апарати за домаќинство, објави порталот Кликс.ба.

- Секој ден му носи јадење, овошје и цигари. Бездомникот се вика Богдан и со години питачи низ Башчаршија, изјави за порталот една негова читателка, која и ја пренела приказната.

Таа вели дека Богдан со години спиел по клупи и лето и зиме, а минувачите низ Башчаршија „ќе му фрлеле по марка или две".

- Сега (Богдан) не може да престане да се воодушевува на својот стан, раскажува читателката за Кликс.ба. 

 

 

Оцени ја веста

13.01.2015 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега