Полицијата брутално претепала 15-годишно момче (ФОТО)

Петнаесет годишниот Л.П. од Лозница во саботата околу полноќ бил претепан од полициски припадници, тврди неговиот татко Милан Проданиќ.

Тој за српски Блиц истакнал дека не постоела причина за брутална реакција од страна на полицијата.

-Мојот син заедно со 20-тина момчиња биле во паркот позади градската библиотека, кога две момчиња започнале да се тепаат. Полицијата брзо дошла по што децата се разбегале, мојот син бегал кон пролазот каде полицајците го фатиле и започнале да го удираат, вели таткото Милан.

Тој тврди дека неговиот син паднал на земја а полицијата го удирала со нозе по телото.

-Јас разбирам дека ни нив не им било лесно, но тоа се специјалци, луѓе одбрани за интервентната единица. Не е логично да имаат проблем со момче кое тежи 40 килограми и е високо 155 сантиметри. Мојот син не можел да им пружи било каков отпор дури и кога би сакал. Како што тој ми раскажа го влечеле по земја и го шутирале, а еден дури го нагазил спречувајќи го да се јави на мобилниот телефон, кој му звонел во тој момент, додал Милан.

Преплашеното момче вели дека ги молело да не го тепаат бидејќи е дете и се уште нема лична карта, а тие му се заканиле дека лошо ќе помине ако ги излажал, по што го оставиле  да лежи на бетонот.

-Така ни куче не се остава на улица. Кога дојде дома веднаш го однесовме во болница. Отидов во полиција каде ми рекоа дека случајот се уште не е евидентиран. Детето има видливи повреди на усните. Лекарите констатираа полесни повреди по телото, за што имам и специјалистички извештај, објаснил Проданиќ, кој следниот ден веднаш го пријавил случајот во полиција.

 

 

Оцени ја веста

13.01.2015 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега