ФОТО: Сопругот на Тања Савиќ направил инцидент во Скопје!

Српската пејачка Тања Савиќ имала уште еден во низата брачни проблеми на настапот во една дискотека во Скопје, кога еден пијан гостин сакал во нејзиното деколте да стави бакшиш, пишува српски „Курир“.

- Сите беа весели, се додека еден пијан гостин не се приближи до сцената и се обиде на Тања да и стави пари меѓу нејзините гради. Нејзиниот сопруг Душан веднаш скокна на него, а обезбедувањето ги раздвои. Музичарите престанаа да свират, наметливиот фан го исфрлија од дискотеката, а Тања на сцената се врати после кратка пауза и продолжи да пее - рекол извор.

Точно е дека имаше проблеми при крајот на настапот, но за тоа не можам ништо да кажам - рекол менаџерот на диското.

Тања и нејзиниот сопруг не одговорале на телефонските повици упатени од редакцијата.

Да потсетиме, Тања Савиќ пред неколку дена на Фејсбук објави статус дека повеќе нема да се огласува и дека се повлекува од медиумите.

- Никакви изјави не давам. Потребен ми е одмор - напишала пејачката.

 

 

Оцени ја веста

13.01.2015 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега