ФОТО: Трите девојки кои вчера загинаа во автобуска несреќа едвај извадени од провалија

Во вчерашната сообраќајна несреќа во која три лица го загубија животот, а 13 беа повредени кога автобус излета од патот кај на локалитетот Дучела, на патот Фоча - Шчепан Поље во Бих, едвај биле извлечени телата на загинатите.

 

Станува збор за три жени чија возраст не е позната, од кои две се државјанки на Црна Гора, а едната државјанка на Босна и Херцеговина.

 

Телата биле приклештени под автобусот, па извлекувањето траело подолго. На местото имало спасувачки екипи и екипи на Итна помош, а телата се извлекувале со помош со дигалка.

Повредените патници, од кои еден потешко, згрижени се во Универзитетска болница во Фоча.

 

 

Оцени ја веста

13.01.2015 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега