"Ја силував за да и го спасам животот"
Роџер Вилијам Кели од Јута кој има 50 години ја силувал својата 29-годишна соседка, а како што тврди, тоа го направил за да и го спаси животот.
Тој на судењето во Солт Лејк Сити повторил дека имал сексуален однос со онесвестена девојка за да може да и ја подигне температурата и да ја врати во живот.
- „Таа вечер ја видов како лежи пред нејзиниот стан. Ја однесов во мојот стан, ја спуштив на креветот и и’ ја извадив влажната облека. Но, таа не се освести, а ниту температурата не и’ се подигна. Сексуален однос со нејзе имав за да можам да ја загреам. Но, ниту тоа не успеа. Во моментот кога се обидов да ја реанимиран со масажа на срцето, пристигна полицијата“, раскажува обвинетиот маж.