СПЦ со порака до народот: Србија го предаде Косово
Синодот на Српската православна црква го оцени договорот во Брисел за Косово како предавње на сопствената векована и најважна територија. Од таму додаваат дека овој потег е скришум направен под маса, премолчувајќи го фактот дека косовските власти се признати од страна на Србија. Во испратеното соопштение патријархот Иринеј наведува дека парафираниот договор претставува еуфемизам, наместо дефиниција на договорот меѓу Србија и Косово.
-После плаќањето на толку висока цена за прочуениот датум за преговори, и тоа преговори чијшто број на нови услови е неизвесен, цената за евентуалното членство во ЕУ ќе биде само формално признавање на суверенитетот на Косово, се вели во соопштението.