12.000 лица протестираа за затварањето на грчката радио и телевизија

Над 12.000 лица денеска попладне демонстрираа во Грција, наведе полицијата, а настанот е во рамки на генералниот штрајк против затворањето на државната компанија за радио и телевизија- ЕРТ, што предизвика шок меѓу јавноста и изроди реакции во странство, пренесоа француските медиуми.

Во Атина приближно 10.000 лица се отповика на повикот на синдикатите од приватниот и државниот сектор: ГСЕЕ и АДЕДИ, да се соберат пред седиштето на ЕРТ во северното предградие на Атина, Агиа Параскеви, за да ја осудат владината политика на штедење, што го засега државниот сектор.

Во Солун 2.000 лица демонстрираа пред седиштето на телевизијата ЕТ3, која е еден од петте телевизиски канали што и припаѓаат на државната компанија за радио и телевизија ЕРТ, наведе локален полициски извор.

-Ние сме на прва страница во меѓународните медиуми, изјави Зерва, подвлекувајќи ја поддршката добиена од мноштвото асоцијации на европските новинари, од Европската унија за радио и телевизија, од француско-германската телевизија Арте и белгиската телевизија.

ФОТО: А1.он

 

најчитано сега